January 27, 2022 16:03
Економија Македонија

ЕСМ: ЕБРД ја нотира успешната реализација на соларната електрана Осломеј

Европската банка за обнова и развој на својот Твитер профил објави кратко видео од фотоволтаичната електрана во РЕК Осломеј со порака дека овој реномиран партнер на огромен број македонски компании е горд што е пионер во иновациите во Северна Македонија, инфомираат од АД Електрани на Северна Македонија – ЕСМ.

– Горди сме што сме пионери во зелените иновации во Република Северна Македонија, каде првата соларна електрана во земјата ја заменува исцрпената термоелектрана во Осломеј, стои во пораката на Твитер профилот на Европската банка за обнова и развој која учествуваше во изградбата на фотонапонската централа во Осломеј со 5,9 милиони евра, а АД ЕСМ во оваа инсталација вложи еден милион евра сопствени средства.

АД ЕСМ, исто така, најавува дека се подготвува за нова инвестиција од по најмалку 40 MW до најмногу 50 MW, во кругот на РЕК Осломеј, на локацијата на исцрпениот рудник за јаглен, во близина на првата фотоволтаична електрана од 10 MW. И оваа инсталација ќе биде по принципот на јавно-приватно партнерство, при што АД ЕСМ ќе биде јавниот партнер.

– Во соработка со Европската банка за обнова и развој, АД ЕСМ ќе инвестира во изградба и на фотонапонски електрани во Битола. Првата ќе биде со инсталирана моќност од 20 MW, со просечно годишно производство од 32 GWh. ФЕ Битола 2 ќе биде со инсталирана моќност од 40 MW, со годишно производство од 70 GWh и проценета вредност од 30 милиони евра, за коишто капацитети веќе се направени пресметки за идно производство, одредено е земјиштето и завршени се студиите за приклучок. Проектот ФЕ Битола 3, пак, е со инсталирана моќност од 100 MW, со годишно производство од 170 GWh, и проценета вредност од 70 милиони евра, се вели во соопштението од АД ЕСМ.

Од АД ЕСМ, информираат дека во изминатите три години постојано работат на проекти за зголемувањето на учеството на обновливите извори на енергија во вкупното производство на електрична енергија во Република Северна Македонија, како и дека заедно со Владата на Република Северна Македонија остануваат цврсто решени на имплементацијата на т.н. зеленото сценарио во енергетскито сектор во земјата и зголемување на бројот на производствени капацитети на електрична енергија од обновливи извори.

4anime. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

Your Name.

dubbed anime To Your Eternity

Black Clover (Dub) Episode 170

4anime.biz 4Anime Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

4Anime Tokyo Ghoul