October 24, 2020 08:38
Македонија

Есмеров: Членството е паднато од 147 на 45 илјади, а Мицкоски ги нарекува мафијаши тие што го избраа за лидер

Поранешниот претседател на Општинскиот комитет во Центар и амбасадор во Унгарија, Игор Есмеров, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за последните случувања во партијата и повиците за смена на лидерот Христијан Мицкоски.

„Јас не знам каде Мицкоски ја гледа поддршката. Партијата е падната од 450 илјади гласови пред 4 години на 300 илјади гласови. Членството е паднато од 147 илјади до 2017 година, на 45 илјади сега. Во општински комитет Центар членството е паднато од 4.700 на 780 луѓе. Каде е поддршката? Емпириски, односно по негово математички се докажува дали има поддршка или нема. Особено во машкиот дел од популацијата кукавичлук е ако не го признаете поразот и ако не го слушнете гласот на тој што ве поразил. Нас ни испорачуваат негативни резултати на 4 изборни циклуси“, вели Есмеров.

Тој потсетува на трите работи кои ги ветил Мицкоски пред да го преземе водењето на партијата.

„Првата работа е дека ќе го сплоти членството и ќе ги спречи расколите. Втората работа е ќе ја поправи ситуацијата и кредибилитетот на ВМРО пред меѓународната заедница и третата работа е дека ќе го зголеми коалициониот капацитет. Што од овие три работи е направено,
прашува Есмеров.

Тој додава дека не е дел од иницијативата за промени, но дека е демократски процес.

-Интерессно е што Мицкоски ги нарекува мафијаши оние што го избраа за лидер на конгресот во Валандово. Дали според неговата логика, тој самиот е избор на мафијаши, прашува Есмеров.