January 29, 2022 07:58
Македонија

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза евроинтеграција на Северна Македонија

САД изразуваат силна поддршка за брза европска интеграција на Северна Македонија и работиме со нашите европски партнери да обезбедиме тоа да се случи што е можно најбрзо, изјави денеска американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, кој е во официјалната посета на земјава на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Северна Македонија е дел од Европа, културно, историски и економски дел од Европа и треба да имате столче на масата на ЕУ. Во тој поглед ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори да се покаже флексибилност во процесот на европски интеграции, како и продолжување на рефомскиот процес за тоа да стане реалност, рече Ескобар.

Тој изрази благодарност за партнерството на САД со Северна Македонија, посочувајќи дека тоа не е само партнерстство, туку пријателство и сојузништво.

– Ние делиме заеднички вредности кои се во основа на нашата стратегија на споделени вредности. Ја изразувам благодарноста на Северна Македонија за континуираната поддршка и посветеност во НАТО, додаде Ескобар.

Османи од своја страна му изрази благодарност на Ескобар за неговата прва посета на Скопје.

– САД остануваат наш стратешки партнер и кредибилен сојузник, благодарни сме за јасната и гласна поддршка од САД. Во таа смисла нашите стратешки интереси се сто отсто комплементарни со интересите на САД, рече Османи.

Шефот на дипломатијата истакна дека европската перспектива на Западен Балкан е најсигурна инвестиција во регионот.

– Нема сомнение дека европската перспектива на Западен Балкан е најсигурна инвестиција во стабилноста на регионот. Сега е моментот ЕУ да започне преговори со Северна Македонија. Тоа ќе биде голема потврда за нас да останеме посветени на демократските реформи и да ја забрзаме нашата европска интеграција. Уште поважно од тоа ќе биде големо охрабрување за другите, ќе се потврди кредибилноста на ЕУ, ќе се охрабрат процесите за надминување на разликите и помирување во регионот. Ќе се забрзаат евроатлантските интеграции и ќе се потврди геостратешката ориентација на нашиот регион, истакна Османи.

Тој изрази благодарност за посветеноста и фокусот што САД го даваат на регионот на Западен Балкан.

– За тоа сведочи и денешната посета на г. Ескобар, но исто така уште поважна е извршната наредба на претседателот Бајден која е златна гаранција за важноста и неповредливоста на договорите кои се темелот на мирот, стабилноста и демократскиот развој на регионот – Дејтонскиот договор во Босна, а кај нас Охридскиот рамковен договор и договорите со Бугарија и Грција, рече Османи.

САД, додаде Османи, одиграа клучна улога во постигнување на долгорочна стабилност, демократизација и просперитетна Северна Македонија, но и целиот регион.

– САД биле со нас и не поддржувале и во добро и во лошо. Во моменти на големи искушенија и кризи ни помогнале да останеме на вистинскиот пат посветени на нашите заеднички евроатлантски вредности. Тоа не беше секогаш лесно, ама секогаш беше неопходно да се продолжи напред и покрај различните предизвици и проблеми. Охридскиот рамковен договор и договорите со Бугарија и Грција се наш успех и заедничка вредност за сите. Ги постигнавме затоа што секогаш ја имавме поддршката од нашите партнери на прво место САД. Заедно успеавме да ја трансформираме нашата држава, да ја зајакнеме демократијата, да ги подобриме односите со соседите и да ја зголемиме регионалната соработка. Продолжуваме заедно и во иднина со посветена работа да ги реализираме нашите заеднички и стратешки цели и интереси, истакна Османи.

watch anime. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

english anime Attack on Titan Final Season

AnimeDao That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 19

animes online AnimeDao That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub)

animedao AnimeDao That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub)

anime to watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2