January 25, 2020 21:00
Свет

ЕСА планира да чисти ѓубре во вселената

Европската вселенска агенција (ЕСА) планира заедничка мисија со комерцијален конзорциум за расчистување остатоци од вселената од голем број вселенски мисии.

Првата мисија од ваков вид ќе биде лансирана во 2025 година под името ClearSpace 1 во соработка со швајцарската фирма „Clear Space”.

Буџетот за проектот изнесува 120 милиони евра, а подготовките ќе започнат во март.

Целта е да се испрати сонда со фаќалки во вселената што ќе ги фати остатоците од стара ракета на ЕСА, ќе ја спушти во пониска орбита и ќе ја запали во атмосферата. Ова треба да биде принципот на расчистување на големи парчиња ѓубре од вселената.

Во последниве години се зголемуваат стравувањата дека може да се појават вселенски несреќи бидејќи таму има сè повеќе напуштен материјал, а забрзано се работи на развојот на комерцијални летови. Исто така, постојат стравувања дека големи парчиња отпад би можеле да пропаднат на Земјата.

Нови вести

Ватикан го повика ирачкиот претседател да ги заштити христијаните во таа земја

Igor

Двајца од тројцата заболени во Франција пристигнале на аеродром без симптоми

Igor

Москва ќе брка бугарски дипломати откако Софија протера двајца Руси поради шпиунажа

Igor