September 23, 2019 07:41
Балкан

„Ер Србија” привремено нема да лета за Њујорк

Српската авиокомпанија „Ер Србија” најави дека нејзиниот авион „Ербас А330″ (ЈУ-АРА), што  лета на линијата Белград-Њујорк-Белград нема да сообраќа од 24 септември до 6 октомври заради редовно техничко одржување.

Затоа, патниците со четири летови од линијата Белград -Њујорк -Белград ќе бидат префрлени на летови на други компании или ќе им бидат вратени паричните средства, соопштија од „Ер Србија”.

Од српскиот национален авиопревозник наведуваат дека секогаш планираат редовно техничко одржување на почетокот на ниска сезона, кога има помала побарувачка и број на патници.

Техничкиот преглед се врши на секои две години во согласност со стандардите во авиоиндустријата.

Нови вести

Нов силен земјотрес во Албанија вечерва

24news

Се бројат штетите од земјотресот во Албанија, над 130 повредени

Filip

Шатори за граѓаните кои по серијата земјотреси не се чувстуваат безбеди во домовите

Igor