August 23, 2019 17:59
Свет

Ерменски авион Су-25 се урна во планини, загинаа двајцата пилоти

Eрменски авион Су-25 се урна во планини при што загинаа и двајцата пилоти, пренесува „Спутник“. Според ерменското Министерство за одбрана, авионот исчезнал од радарите само петнаесет минути по напуштањето на аеродромот во градот Ѓумри за закажана мисија за обука.

„Авионот се урна во планините во близина на градот Маралик”, изјави прес-секретарот на Министерството за одбрана на Ерменија, Артсрун Ховханисијан.

Тој подоцна напиша на Фејсбук дека е откриено местото на трагичниот настан, додавајќи дека и двата пилота – потполковник Армен Бабајан и мајор Мовсес Манукјан – загинале. Во моментов, нема официјални информации за можните причини за инцидентот.

Нови вести

Сара Сандерс ангажирана во „Фокс Њус”

Filip

Експлозија на Западниот брег, убиена израелска девојка

Filip

Во Шпанија втор смртен случај од листерија

Filip