October 26, 2020 19:23
Свет

Ерменија соборила три авиони и еден хеликоптер на Азербејџан

Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека војската во Нагорно Карабах денеска соборила еден азербејџански авион и еден хеликоптер. Набргу потоа беше соопштено дека се соборени уште два авиона, пренесува агенцијата ТАСС.

– Погодени се уште два авиона. Тоа значи дека се соборени три непријателски авиони денеска. Покрај тоа, двата хеликоптери, за пола ден беа уништени и шест беспилотни летала, напиша портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Артсрун Ованисјан на својот Фејсбук профил.

– Силите на Нагорно-Карабах соборија еден непријателски авион и еден хеликоптер во јужните и југоисточните правци, објави портпаролката на Министерството, Сузан Степанјан.

Пред неколку часа, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека биле соборени три азербејџански хеликоптери и уништени 15 возила и најмалку еден ракетен систем „Смерч”, а шест беспилотни летала биле соборени.

Министерството објави дека е погоден авион на азербејџанското воено воздухопловство, кој се урнал на територијата на Иран.