June 21, 2021 18:09
Свет

Ерменија побарала воена помош од Русија поради тензиите со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан изјави денеска дека побарал воена помош од рускиот претседател Владимир Путин во момент на тензии со Азербејџан по вооружениот конфликт во регионот Нагорно Карабах.

Тензиите меѓу двете соседни земји во Јужен Кавказ се зголемија оваа недела кога Ерменија протестираше против, како што наведе, упадот на азербејџанските трупи на нејзина територија.

Азербејџан инсистира на тоа дека нивни војници биле распоредени на територијата што ја сметаат за своја во пограничната област.

Пашинијан им порача на пратениците дека во телефонски разговор со рускиот претседател побарал од Путин да и обезбеди воена помош на Ерменија.

Русија официјално не ја коментираше изјавата на Пашинијан.

AniWatch anime websites: Assassination Classroom (Dub) (https://aniwatch.pro/m/eyzz) Episode 22

AnimeHeaven dragon ball super anime heaven: Watch My Hero Academia 3 (Dub) Episode 20 (https://animeheaven.pro/m/rKyQ/ep-20)