February 26, 2021 19:25
Спорт

Ериксен од слободен удар го “реши” Милан за куп- полуфинале на Интер

Екипата на Интер патува во наредната фаза на Копа Италија, затоа што дојде до победа (2-1) во градското дерби со Милан и тоа во судиското надополнување на „Џузепе Меаца“.

Џокер на Антонио Конте на оваа средба беше Кристијан Ериксен. Данецот кој е во немилост и влегува само од клупата за резерви, доби шанса во самиот финиш и со мајсторски слободен го однесе Интер во наредната фаза на Купот на Италија. Во следната фаза Интер ќе го чека подобриот од мечот меѓу Јувентус и СПАЛ.

  • Извештај од натпреварот:

Дуелот меѓу двата тима почна доста динамично, со голема борба на средината на теренот. Интер беше тимот што создаваше шанси, ама Милан прв даде гол. Златан Ибрахимовиќ реализира во 31. минута, откако доби топка од Меите и мајсторски погоди од работ на казнениот простор.

Тоа беше резултат и на паузата, а пред финишот на првото полувреме имаше голем конфликт меѓу Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ. Двајцата имаа вербален дуел, па пожолтеа, а скапо го плати тоа Ибра кој на самиот старт беше испратен надвор од теренот поради втор жолт картон по еден наивен прекршок врз Александар Коларов.

>>> ВИДЕО: Пукнаа искри во дербито – Лукаку и Ибра влегоа во клинч!

>>> Ибра му пцуел мајка на Лукаку, овој му рече „ќе те е*ам и тебе и жена ти“!

Голманот Татарушану правеше чуда, забележа осум одбрани во вториот дел, ама во 71. минута капитулира од пенал кој го реализира Ромелу Лукаку. Романецот потоа имаше уште две врвни одбрани, ама немаше шанси да го фати перфектниот слободен удар на Кристијан Ериксен во 97. минута од мечот.

Ривал во следната фаза на Интер се очекува да биде Јувентус, кој утре (среда, 20:45 часот) се среќава на домашен терен со СПАЛ и важи за апсолутен фаворит.

Attack on Titan Season 3 Part 2 (https://animefreak.ws/m/29oK) Episode 10 at website https://animefreak.ws animefreak hunter x hunter

My Hero Academia 3 (https://funimationfree.com/m/E29v) Episode 25 at website https://funimationfree.com. See more funimation on switch