November 26, 2020 19:20
Балкан

Ердоган: Ќе ја градиме иднината заедно со Европа

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја повика Европската Унија на дијалог, предупредувајќи го блокот да не стане инструмент на непријателство во услови на ескалација на напнатоста во Источниот Медитеран, пренесе АФП.

Турското истражување на гас во спорните води во Медитеранот за кои и Грција тврди дека го поседува правото, предизвика жестока вербална војна со земјите-членки на ЕУ, кои на почетокот на овој месец ги продолжија санкциите против Анкара за уште една година. Мерките вклучуваат забрана за виза и замрзнување на средствата против лицата кои се вклучени во спорното истражување.

„Очекуваме ЕУ да ги исполни своите ветувања, да не не дискриминира нас или барем да не стане инструмент за отворање непријателства против нашата земја“, рече Ердоган во видео обраќање на конгресот на владејачката партија во саботата.

„Не се гледаме на друго место освен во Европа“, додаде тој. „Планираме да ја градиме нашата иднина заедно со Европа.

Најавата на Ердоган доаѓа кога во пресрет на самитот во декември, кога европските лидери треба да одлучат дали ќе воведат дополнителни санкции за неодамнешните активности на Турција.

Во истиот говор, Ердоган рече дека Турција сака „активно да ги користи своите долги и блиски сојузнички односи со САД за решавање на регионалните и глобалните проблеми“.