Свет

Ердоган: Ја уапсивме сопругата на Багдади

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган соопшти дека турските власти ја уапсиле сопругата, сестрата и зетот на убиениот лидер на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Тие, како што се наведе Ердоган, уапсени се во Сирија.

Багдади имал петмина браќа и неколку сестри, а вчера беше соопштено дека во северна Сирија, во рација на турските сили, уапсена е неговата сестра Расмија Авад.
Турските власти тврдат дека 65-годишната Авад би можела да обезбеди значајни разузнавачки информации за Исламска држава.

Лидерот на Исламска држава се самоуби за време на акција на американските сили во Сирија кон крајот на минатиот месец, така што активираше елек со експлозив.