January 24, 2020 00:50
Балкан

Ердоган: Турција ќе му одржи лекција на Хафтар ако продолжи со нападите

Турција нема да се воздржи да му „одржи лекција” на командантот на Либиската национална армија, Калифа Хафтар доколку продолжи со нападите врз меѓународно признатата Влада во Триполи на Фајез Сараџ, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој во својот говор истакна дека „пучистот Хафтар побегнал” вчера од Москва, поради што мировните преговори меѓу него и Сараџ не успеале да доведат до прекин на огнот, со цел да заврши девет месечниот судир поради главниот град Триполи.

Разговорите траеле осум часа со посредство на Русија и Турција, а лидерот на Либиската национална армија изјави дека не го потпишал мировниот договор со Владата за национално единство бидејќи биле игнорирани некои барања на ЛНА.

Според Скај њуз, Хафтар барал да и се дозволи на неговата војска да влезе во Триполи и да формира влада на национално единство која ќе добие доверба од Парламентот, како и надгледување на примирјето но без учество на Турција.

Нови вести

(Фото) Осуденик за измами е мажот кој се застрела пред Собранието во Белград

Igor

Вучиќ: Србите и Хрватите мора да сметаат едни на други

Filip

(Видео) Маж се самоуби пред Парламентот во Белград

Filip