December 5, 2022 09:10
Свет

Ердоган: Сакаме да организираме средба меѓу Путин и Зеленски

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повтори дека би сакал да организира средба меѓу претседателите на Руската Федерација и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски.

„Турција е за организирање средба меѓу претседателите на Руската Федерација и Украина“, рече Ердоган, јави агенцијата „Анадолија“.

Тој истакна дека дијалогот на Турција со Русија и Украина напредува и како пример за таквото достигнување го наведе договорот за житниот коридор преку кој од Украина веќе се извезени повеќе од пет милиони тони земјоделски производи, додава „Интерфакс“.