January 28, 2020 02:24
Свет

Ердоган не исклучува продолжение на операцијата „Извор на мирот”

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган не ја исклучува можноста од продолжение на задграничната операција „Извор на мирот” во Сирија. Таквата можност Ердоган ја најави во разговор со новинарите во неговата претседателска палата во Анкара, по враќањето од посетата на Унгарија, јави денеска телевизијата НТВ.

-Нема сомнение. Нема да застанеме се додека и последниот терорист не го напушти регионот. Нема да ја напуштиме (Сирија) откако другите земји ќе си заминат. Го поддржуваме територијалниот интегритет и единството на Сирија, рече Ердоган на прашањето на новинарите дали е можно продолжување на воената операција.

Турскиот претседател кажа и дека Анкара никако не сака да го види распадот на Сирија. Тој повтори дека Турција има право да ја изведува операцијата врз основа на пактот од Адана.

-Доколку регионот не биде исчистен од терористички организации, ние ќе продолжиме со операцијата врз основа на пактот од Адана, рече Ердоган.

Нови вести

Лондон од 20 февруари ја воведува првата нова виза по Брегзит

Filip

Тим Бароу ќе биде британски амбасадор во ЕУ по Брегзит

Filip

Урнатиот авион во Авганистан е на армијата на САД

Filip