June 28, 2022 07:55
Балкан

Ердоган најави вето: Нема да поддржиме прием во НАТО на држави кои ни воведуваат санкции

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека нема да го поддржи влезот на Шведска и Финска во НАТО, јавува државната новинска агенција „Анадолија“.

Претходно, шведското Министерство за надворешни работи објави дека официјални лица од Финска и Шведска наскоро ќе отпатуваат во Турција за да разговараат за приговорите на Анкара за нивното членство во НАТО.

Сепак, Ердоган рече дека дипломатите не треба ни да доаѓаат во Турција за да се обидат да ја убедат да ги одобри нивните кандидатури.

„Прво, ние нема да го поддржиме приемот во НАТО за оние земји кои воведуваат санкции кон Турција“, рече Ердоган, цитиран од Alarabya News.

Двете нордиски земји официјално потврдија дека ќе аплицираат за членство во НАТО, поттикнати од руската инвазија на Украина.

Турција минатата недела соопшти дека има приговори за влезот на двете земји во НАТО, обвинувајќи ги дека ги поддржуваат курдските милитанти кои Анкара ги смета за терористи и дека не екстрадирале десетици осомничени терористи.

„Земјите кои го поддржуваат тероризмот не треба да бидат сојузници во НАТО“, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во неделата, додавајќи дека Турција бара Финска и Шведска да престанат со „поддршката на терористичките групи“.

nổ hũ go88

sunwin game đổi thưởng trực tuyến Sunwin - Top 1 game bài đổi thưởng uy tín - Link vào SUN WIN Tải Tài Xỉu Sunwin APK IOS Mới Nhất