November 12, 2019 00:22
Балкан

Ердоган: Морси не почина од природна смрт

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека не верува дека поранешниот претседател на Египет, Мохамед Морси, починал од природна смрт.

„Дали тоа беше нормално заминување или некои други фактори се вмешале, е нешто за што треба да се размислува. Не верувам дека тоа била нормална смрт“, рекол Ердоган во џамија во Истанбул, каде што стотина муслимани се молеле за Морси.

Морси, прв демократски избран претседател на Египет, кој беше симнат од власт во 2013 година, почина вчера откако му се слоши на судење.

Ердоган ја критикува власта на Египет затоа што не дозволиле Морси да биде погребан на семејните гробишта во неговото родно место.

Нови вести

Косово: ЦИК ќе ја чека одлуката на Врховен суд за гласовите од Србија

Igor

Ѓуриќ: Албанските сепаратисти го официјализираа апратхејдот во Косово

Igor

Лимај: Коалицијата Нисма – АКР ќе има шест пратеници во косовското Собрание

Igor