December 1, 2020 04:05
Балкан Свет

Ердоган им пркоси на САД по заканите со санкции: Ние не сме племе, ние сме Турција

Денес, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, им се спротивстави на американските закани за санкции поради неодамнешното тестирање на напредниот руски противвоздушен систем S-400.

-Некои Американци му се јавуваат на мојот брат Илхам Алиев и му велат дека ако Турција застане покрај Азербејџан, тие ќе воведат санкции кон Турција. Соединетите држави не разбираат со кого имаат работа. Рековте дека треба да го вратиме С-400 назад во Русија. Но, ние не сме племенска држава, ние сме суверена држава, нација, Турција”, рече Ердоган за време на локалниот конгрес на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АК партија) во покраината Малатија во источна Турција.

Американските власти во петокот повторно предупредија дека односите со Турција, која официјално е сојузник на САД во НАТО, ќе бидат сериозно загрозени од неодамнешното турско тестирање на системот S-400.

Стејт департментот соопшти дека тестот е „некомпатибилен со одговорноста на Турција како сојузник на НАТО и стратешки партнер на Соединетите држави“.

СAD се заканија дека ќе воведат санкции против Турција доколку го активираат системот.

Анкара потпиша договор за набавка на S-400 од Русија во 2017 година, а првите батерии беа испорачани во јули минатата година.