November 14, 2019 13:28
Свет

Ердоган: Ембаргото на продажба на оружје нема да ја запре турската офанзива

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави  дека ембаргото на оружје за Турција нема да биде доволно за да се стави крај на офанзивата во Сирија.

– Уште откако ја започнавме операцијата, се соочивме со закана од економски санкции или ембарго за оружје. Оние кои мислат дека ќе нè принудат да се откажеме, не се во право, рече Ердоган.

Турција во средата започна воена офанзива против курдските сили во североисточна Сирија затоа што ги смета за терористи.

Берлин и Париз вчера објавија дека прекинуваат со испораката на оружје за Турција, особено она оружје што може да се користи во офанзивата во Сирија. 

Нови вести

Бројот на загинати во протестите во Боливија се искачи на 10

zane

Ердоган лично му го вратил скандалозното писмо на Трамп

zane

Воени кучиња во Австрија го убиле водичот на кучиња

zane