November 24, 2020 18:09
Балкан

Ердоган до САД: Турција не е племенска држава

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган вчера изјави дека САД не треба да го одложуваат воведувањето на санкции кон Анкара поради неодамнешната проба на рускиот противвоздушен систем С-400.

– Какви и да се санкциите немојте да ги пролонгирате туку применете ги. Вие (САД) ни кажувате да го вратиме С-400. Ние не сме племенса држава, ние сме Турција, истакна Ердоган.

САД во петокот повторно предупредија дека односите со Турција ќе бидат загрозени поради турското тестирање на системот С-400.

Стејт департментот соопшти дека тестирањето е „некомпатибилно со одговорноста на Турција како сојузничкана НАТО и стратешки партнет на САД”.

Вашингтон се закани дека ќе воведе санкции кон Турција доколку биде активиран С-400.

Анкара договорот за купување на С-400 од Русија го потпиша во 2017 година, а првата батерија е испорачана во јули минатата година.