June 23, 2021 06:55
Балкан

Ердоган: Вирусот на исламофобијата ја претвора Европа во затвор на отворено за муслиманите

Светот воопшто и, пред се, Европа, страдаат од вирусот на исламофобија, посочи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува „Спутник“.

„ Вирусот на исламофобија, кој е опасен како коронавирусот, се шири брзо, особено во европските земји“, рече Ердоган во говор неделава, а неговите изјави беа цитирани од локалните медиуми.

Ердоган додаде дека муслиманите, вклучително и милиони Турци, се во опасност од злосторства од омраза во актуелсните услови.

„ Европа, каде што денес живеат 35 милиони муслимани, вклучително и 6 милиони Турци, се повеќе се претвора во затвор на отворено за нашите браќа и сестри“, тврди Ердоган, без да разјасни што сакал да каже.

Тој посочи дека актуелната безбедносна состојба е многу мрачна за муслиманите и дека во Европа постои сериозна закана за нивната безбедност. Турскиот претседател продолжи да ги напаѓа западните влади за нивно наводно непочитување на верските вредности на муслиманите под превезот на слободата на изразување.

Ероган го истакна неодамнешниот притисок на Франција за нов закон за екстремизам насочен кон зајакнување на републичканските вредности како секуларизмот, слободата, еднаквоста и братството во земјата. Според новиот закон, заедниците ќе бидат обврзани да потпишат повелба според овие национални принципи и да се соочат со ограничувања во износот на пари што нивните организации можат да ги добијат од странство.

Минатата година Ердоган исто така предупреди дека Европа  си го подготвува сопствениот крај со своите напади против муслиманите, посочувајќи на полициска рација во џамија во Германија поради сомневање за финансирање тероризам. Турскиот претседател во тоа време предупреди дека ако Европа не се ослободи од исламофобијата, тоа ќе ја сруши цела Европа однатре.

Истражувањето на „Пју“ од 2016 година покажа дека 25,7 милиони муслимани ја нарекуваат Европа дом и процени дека муслиманите би претставувале до 14 отсто од населението на континентот до 2050 година ако продолжат сегашните трендови на прилив на мигранти и демографски промени.

4Anime watch animes: Naruto Episode 220

AnimeFreak watch anime free: Watch My Hero Academia 3 Episode 25 (https://animefreak.ws/m/0yX1/ep-25)