June 28, 2022 07:44
Свет

Ердоган:Турција не може да се откаже од Русија и рускиот гас

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција не може да ја напушти Русија.

-Турција не може да се откаже од Русија и рускиот гас. Турција не може да ја одбие Русија, да го одбие рускиот гас, ова е стратегиско прашање, изјавил Ердоган, а го пренесуваат руските медиуми.

Ердоган повтори дека нема да го поддржи влегувањето на Шведска и Финска во НАТО.

-НАТО е безбедносна организација. Ние не можеме да прифатиме присуство на терористички организации во Алијансата, порача Ердоган денес во говор во Анкара, мислејќи на политичките и воени организации на Курдите кои во Финска и Шведска не се забранети.

Тој Шведска ја окарактеризира како „легло на терор“, истакнувајќи дека ако Турција не дозволи, земјата нема да влезе во НАТО.

-Како што знаете, Шведска и Финска се домаќини на терористички организации. Тоа се земји кои ги охрабруваат изворите на тероризам во мојата земја и кои ги снабдуваат со оружје, кажа Ердоган.

За односот со Русија, турскиот претседател истакна дека тоа е стратегиско прашање.

-Ние имаме соработка со двете страни, со Русија градиме нуклеарна централа која наскоро ќе биде готова, ја отвораме следната година и тоа е многу важен извор за нас. Педесет отсто од гасот кој го користиме доаѓа од Русија. Тоа е стратегиско прашање и стратегиски однос. Ние тоа не можеме да го напуштиме, ниту да го прекршиме, дополнил Ердоган.

https://tai.go88.is/

https://sunwin.gg/