April 20, 2019 16:48
Свет

ЕП: Земјите од ЕУ продолжуваат да ги кршат правата на Ромите

Основните права на Ромите и понатаму систематски се прекршуваат во ЕУ. Има сериозни проблеми со пристап до образование, домување, до пазарот на труд и здравствена заштита. Ромите треба да бидат подобро претставени во медиумите, државните институции и политичките органи, инсистираат од Европскиот парламент.

Во одговор на тековните прекршувања на основните права на Ромите, Парламентот бара посилни мерки за борба против антиромското расположение во ЕУ.

Антиромските расположенија се институционализарана и вкоренета форма на расизам во досегашната историја, која се изразува во „насилство, говор на омраза, експлоатација, стигматизация и дискриминација”, посочуваат европратениците до денешната декларација.

Во текстот се нагласува особено тешката состојба на младите Роми, меѓу кои се зголемува бројот на оние кои не се трудово опфатени, не учат или не се обучуваат.

Исто така, се бара и повеќе правична застапеност на Ромите во сите сфери, вклучувајќи ги медиумите, државните институции и политичките органи.

Структурните фондови на ЕУ треба да се користат за подобрување на животните услови и идните способности на Ромите, истакнуваат пратениците. Тие повикуваат земјите членки да ги проучат сегашните и минатите злоупотреби со соодветните фондови и да преземат правни дејства против прекршителите.

Нови вести

Жолти елеци”: Нотр Дам не е единствен проблем на Франција

Igor

„Да го сопреме лудилото“: Бес и неверување по предлогот за модерна обнова на Нотр Дам

Igor

Експлозија и престрелки во Кабул

Igor