April 15, 2021 09:33
Свет

Епилог на упадот во американскиот Конгрес: 280 уапсени, постапка против 300 луѓе

Министерството за правда на САД покрена постапка против повеќе од 300 лица за нападот на Конгресот на 6 јануари, додека најмалку 280 лица се уапсени, изјави денеска заменикот на вршителот на должност јавен обвинител Џон Карлин.

– Одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат за стореното”, рече Карлин.

Неговите коментари доаѓаат само еден ден откако вршителот на должноста шеф на Капитол Јоганада Питман изјави пред конгресмените дека приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп можеби сакале да ја разнесат зградата на Конгресот.

Приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот на 6 јануари и ја демолираа во време кога се потврдуваа електорските гласови од претседателските избори.