January 24, 2020 08:22
Скопје

Епидемија на жолтица има само во населбата „Даме Груев”

Епидемија на жолтица на територијата на град Скопје е прогласена само во населба „Даме Груев” во Општината Ѓорче Петров, информираат за МИА од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) од каде посочуваат дека извршени се вонредни инспекциски надзори во сите училишта во градот во кои има заболени ученици и издадени се решенија за преземање превентивни противепидемиски мерки.

Пред почетокот на зимскиот распуст извршени се и контролни надзори по издадените решенија. Во континуитет ќе продолжиме со надзорите во сите воспитно образовни установи, потенцираат од ДСЗИ.

Во врска со зголемениот број заболени од жолтица, од ДСЗИ истакнуваат дека се во постојан контакт со Центарот за јавно здравје Скопје од каде секојдневно добиваат податоци за состојбата со Хепатит А и постапуваат согласно своите надлежности и препораките на Центарoт.

Нови вести

Од почетокот на годинава скопските пожарникари изгаснале 28 огнови на отворено

Filip

На местото од бараките на Град Скопје предвидено е да никне монтажен паркинг

Igor

Ракометниот клуб „КЛ7″, од 24 до 26 јануари ќе биде организатор и домаќин на „Меѓународен турнир за млади категории КЛ7 2020

Valentina