Search

ЕМ: Кога ќе дојдеме на власт конечно ќе има слободно новинарство во земјава

Денешниот Ден на слободата на медиумите 3 мај е потсетник дека за жал во изминатите 30 години медиумите во Македонија не го положија испитот. Уште на почетокот на самостојноста на државата, со медиумскиот простор завладеаја истакнати соработници на Службата за државна безбедност кои до денешно време ја водат уредувачка политика во влијателните медиуми.

Новинарството во Македонија и по 30 години си остана на почетното рамниште, клиентелистичко. Уредници-кодоши и понатаму го креираат јавното мислење.

На Македонија и треба храбро и бестрашно новинарство, а не новинари кои се во „административен брак со УДБА кои се трудни само што не се породиле“. Новата легална власт на Единствена Македонија ќе создаде демократска атмосфера во која новинарите ќе имаат можност да информираат слободно и вистинито.

Единствена Македонија ќе го спроведе и подзаборавениот процес на лустрација и во новинарството со брза, ефикасна и правична лустрација. Дотолку повеќе, да потсетиме, претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев своевремено во весникот „Шпиц„ на 13 јуни 2006 година прв го изложи концептот за лустрација, но, по победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 5 јули 2006 година лустрацискиот концепт беше злоупотребен со една фарсична, селективна и антицивилизациска лустрација.

Македински новинари, Среќен 3 мај (1948 година) – Ден на слободата на медиумите!

Треба да знаете
Последни објави