October 1, 2020 20:31
Магазин

Еминем ненадејно објави нов албум

Американскиот рап изведувач Еминем во четвртокот ги изненади обожавателите и преку својот твитер профил го најави објавувањето на неговиот 11-ти албум: „It’s “Music to be Murdered by“ . Омотот на албумот е моделиран според аудио издание на Алфред Хичкок со исто име, додека една од нумерите е насловена Алфред и е 30-секунден клип на славниот филмски режисер.

Албумот е уникатен и карактеристичен по соработката со светски познатите: Ед Ширан, Скајлар Греј, Кју-тип, Денаун, Вајт Голд, Џоел Ортиз, Дон Толивер, Андерсон и други.