Магазин

Емина Јаховиќ се вселува во вилата на турскиот милионер Садетин

Атрактивната балканска пејачка Емина Јаховиќ полека започнала да ги вселува своите работи во вилата на нејзиното ново момче, турскиот милионер Садетин Саран. 

Поради тоа што често престојува кај него, Садетин и предложил на Емина да си донесе некои неопходни работи за да и биде полесен престојот во неговата вила.

Турските медиуми веќе пишуваат дека Емина и Садетин започнале заедно да живеат.

-Малку по малку Емина  започнала да ги пренесува своите работи во неговата вила, изјавил за „Ало“ добро информиран извор.

Популарната пејачка досега најмногу стравувала како нејзините синови од бракот со Мустафа Сандал ќе го прифатат нејзиното ново момче Садетин, но на крајот по една заедничка вечера се завршило добро .