January 16, 2021 11:16
Живот

Емина Јаховиќ не сакала да ја плати сметката, персоналот ја бркал низ турски хотел

Како и секоја година, Емина Јаховиќ одмора со семејството од Србија во популарното летувалиште Гоџек во Турција. Овој пат Емина пристигнала на одмор на крајот од летото, престојувале таму неколку дена, уживале во морето и сонцето и сè што нуди летниот одмор, но и хотелот. Сепак, оваа година ситуацијата не била како претходните бидејќи Емина вработените од хотелот ги ставила во комплицирана ситуација на крајот од одморот..

Како што наведува извор од хотелот за турските медиуми, пејачката наводно сè уште не ги платила сметките за дополнителните услуги што ги користела во хотелот.

„Јадеа, пиеја и не платија ништо. Не им оставаа ни бакшиш на хотелските работници. Хотелскиот персонал ја бркаше Емина за да ја наплати сметката и имавме многу проблеми со тоа“, – изјавил еден од вработените во хотелот, а пренесува „Ало“. По овој повод Јаховиќ не се огласи за турските медиуми.

Турските медиуми наведоа и дека пејачката наводно се обратила на судот за прекршоци во Турција со барање да се забрани таа вест „затоа што е понижувачка и го нарушува нејзиниот углед“. Сепак, од ПР службата на Емина Јаховиќ соопштуваат дека информацијата што ја објавуваат турските медиуми нема никаква врска со пејачката, туку дека станува збор за озборувања поврзани со разводот на пејачката со Мустафа Сандал.

“Тоа е чиста глупост. Тоа е чиста таблоидна приказна и сите знаат дека Емина е сосема спротивно од напишаното, пред сè е дарежлива и сè е измислено”, изјавија за Курир од ПР службата на Емина Јаховиќ.