March 24, 2019 23:03
Забава

Емили на Нова година во костим за капење, а Ким и Парис се санкаа во чевли со висока потпетица

Познатите дами ја пречекаа Новата 2019 година на егзотични локации каде што се дружеа со старите пријатели и безгрижно се забавуваа. Музичарката Дуа Липа (23) прославуваше со афроамериканска музика додека танцуваше со каубојска шапка, пејачката Рита Ора (28) си подари златен заб.

 

„Збогум 2018 година, добредојде 2019“, напиша моделката Емили Ратајковски (27) додека позира во минијатурен костим за капење, кој одвај и ги покриваше интимните делови.

 

Новогодишните празници таа ги помина со својот сопруг, Себастијан Беар-Меклард (31) во Мексико. Британката Емили, која се прослави во 2013 година во видеоспотот „Blurred Lines“ на Робин Тик (41), често позира целосно гола, а тоа го направи и за крајот на оваа година.

 

Актерката Софија Вергара (46), исто така, ја замени студената зима со тропско место каде што со сопругот ја пречека Нова година. Таа во златен фустан танцуваше на песок покрај оган со пријателите.

„Влеговме во Нова година со стил“, рече Парис Хилтон (37), кога со својата стара пријателка Ким Кардашјан (38) се санкаше во снег, во чевли со висока потпетица. Во кратки и деколтирани фустани, студот не беше проблем за нив, а ни алкохолот.

Нови вести

(ВИДЕО) На девојката која вози велосипед и стана жешко, па реши да се соблече

Filip

Куче херој се врати дома со порака на вратот што ги изненади сопствениците

Filip

(Вознемирувачко видео) Јагуар нападна жена додека се обидувала да направи селфи во зоолошка

Filip