February 27, 2021 05:07
Свет

ЕМА: Украдените податоци пред објавувањето се „монтирани” против доверба во вакцините

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска потврди дека податоците објавени на интернет по кибер нападот врз нив минатиот месец вклучуваат внатрешна и доверлива е-пошта од ноември за процесот на проценка на вакцините против Ковид-19.

ЕМА, која одобрува лекови, медицински помагала и вакцини за ЕУ, не даде повеќе детали, но изрази голема загриженост во изјавата за последиците што може да резултираат од објавувањето на податоците.

„Пред објавувањето на податоците, сторителите прилагодија одредена преписка на начин што може да ја наруши довербата во вакцините”, се вели во соопштението на ЕМА.

Агенцијата на ЕУ во декември потврди дека била цел на кибер напад и дека случајот се истражува со помош на полицијата.

My Hero Academia (Dub) (https://funimationfree.com/m/9amW) Episode 13 at Funimation funimation dub

Fate/stay night: Heaven's Feel - III. Spring Song (https://crunchyrollfree.com/m/zNqY) Episode Full - Cam at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll free month