July 29, 2021 08:11
Свет

ЕМА: Секоја држава самостојно да одлучи за вакцината „АстраЗенека”

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека секоја земја треба сама да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека по приемот на вакцината „АстраЗенека” постои ризик од згрутчување на крвта.

При донесување на одлуката секоја земја треба да ја земе предвид моменталната епидемиолошка состојба и достапноста на другите вакцини, соопшти ЕМА, пренесувана од британските медиуми.

-Ние се обидовме да обезбедиме што е можно повеќе информации за придобивките и ризиците што ги идентификувавме, и врз основа на тоа, но и земајќи ја предвид моменталната состојба со пандемијата и можноста за набавка на други вакцини, државите можат да донесат различни одлуки за вакцината „АстраЗенека “, изјави директорката на ЕМА, Емер Кук.

ЕМА на овој начин се откажа од давање препораки и државите ќе мора да ги проценат ризиците од продолжување на употребата на вакцината „АстраЗенека”.

Во изминатите десет дена неколку земји ја забранија употребата на „АстраЗенека„ за лицата под 60 или 55 години, со очекување дека конечната одлука ќе ја донесе ЕМА, но сега тие ќе треба сами да ја донесат.

Треба да се истакне дека во Франција веќе се поднесени првите тужби поради смртта на луѓе по примањето на вакцината „АстраЗенека”.

AnimeFreak animefreak attack on titan: My Hero Academia 2 (Dub) Episode 25

AnimeTV anime tv all free: Watch Tokyo Ghoul Episode 9 (https://animetv.cc/m/Eyl/ep-9)