August 23, 2019 18:07
Свет

Ел Чапо ги шпионирал соработниците со софтвер вграден во телефоните

Кристиjан Родригес, технички експерт кој работел за мексиканскиот нарко бос, Ел Чапо, изјави на судење дека водичот на картелот бил толку опседнат со шпионажа на соработниците што наредил да им биде вграден софтвер во мобилните телефони, за да ги следи нивните текстуални пораки и разговори, што подоцна ги искористило ФБИ.

„Ројтерс“ пренесе дека Родригес кој е клучен сведок во обвинувањата во процесот против Ел Чапо, работел за него од 2008 до 2012 година, кога нарко картелот воспоставил систем за сигурна комуникација.

Родригес рекол дека од Ел Чапо добил барање за инсталирање на шпионски софтвер на околу 50 специјални телефони, кои лидерот на криминалната организација сакал да ги надгледува.

Со помош на тој софтвер, Ел Чапо можел да следи повици и текстуални пораки на корисниците на тие телефони, па дури и да вклучува микрофон и да снима во било кој момент, без корисникот да биде свесен за тоа.

Шеесет и едногодишниот нарко бос во 2017 година беше испорачан во САД од Мексико за да се соочи со обвинувањата за криумчарење на кокаин, хероин и други дроги на американска територија.

Нови вести

Сара Сандерс ангажирана во „Фокс Њус”

Filip

Експлозија на Западниот брег, убиена израелска девојка

Filip

Во Шпанија втор смртен случај од листерија

Filip