October 28, 2020 23:17
Магазин

Елтон Џон: Гир и Сталоне се тепаа за принцезата Дијана

Легендарниот пејач Елтон Џон за неколку дена ја објавува својата автобиографија со име „Јас, Елтон Џон“, а судејќи според содржината објавена од британскиот „Дејли мејл“, целиот свет ќе зборува за скандалозните моменти што ги опиша пејачот во книгата.

Одредени делови од книгата што се веќе објавени ја возбудија јавноста од британското кралско семејство до Холивуд! Книгата веќе е прогласена за рок-мемоари на векот, што не е ни чудо ако се земе предвид дека е напишана во добро познатиот ексцентричен стил на Елтон со доза на неговиот специфичен хумор.

Во 1981 година, малку пред Дијана да се омажи за принцот Чарлс, тој присуствувал на роденденска забава на кралското семејство во Англија и вечерта ја опиша како најтивката диско-забава во светот.

„И тогаш Дијана влезе во салата. Веднаш кликнавме и го поминавме остатокот од вечерта заедно танцувајќи“, пишува Џон во книгата.

„Уште откога ја познавав, таа беше феноменално друштво, најдобра гостинка на секоја вечера, неверојатно индискретна, вистинска озборувачка: можевте да ја прашате што било и таа веднаш ќе ви кажеше. Јас ѝ бев пријателски наклонет на Дајана и таа ме воодушевуваше, но тоа не беше ништо во споредба со влијанието што го имаше врз мажите што не беа геј. Мажите во нејзино присуство се чинеше дека целосно го губеа умот: тие беа целосно маѓепсани. Додека работев на The Lion King, Џефри Каценберг, шеф на ‘Дизни’, дојде во Англија. Дејвид Фурниш – мојот сопруг денес – и јас приредивме вечера за него и неговата сопруга и ги прашав дали има некој што би сакале да го запознат. Рекоа како од топ: ‘Принцезата Дијана’“, пишува Елтон Џон.

Покрај принцезата Дијана, тој на вечера ги поканил пејачот Џорџ Мајкл и актерите Ричард Гир и Силвестер Сталоне.

„Се разви необична сцена. Ричард Гир и Дијана веднаш воскликнаа. Во тој момент Дијана и Чарлс веќе беа разделени, а Ричард ја прекина врската со Синди Крафорд. Заедно седеа пред огништето, се фокусираа еден на друг во разговорот“, се сеќава Елтон во книгата.

Сепак, како што објасни тој понатаму, нивното пријателство не му се допаднало на Сталоне, кој се разбеснел. Според книгата, вечерата се служела и Гир и Сталоне ги немало на повидок.

„Го замолив Давид да ги најде. Тој се врати со двајцата, но премногу пребледен и ми рече дека речиси физички се пресметале. Се покажа дека ги најде Сталоне и Ричард во ходникот како се туркаат, очигледно беше дека тие решиле да се борат за Дијана со тупаници. Тој успеа да ја смири ситуацијата затоа што се преправаше дека не знае што се случува“.

По вечерата, Дајана и Гир го продолжиле разговорот пред огништето, а Сталоне одлучил да си оди дома.