January 25, 2021 09:30
Спорт

Елмас и соиграчите во Наполи четири месеци не земале плата

Иако Наполи на почетокот од сезоната се сметаше за еден од конкурентите за титулата, игрите на теренот се далеку од очекувањата па со тоа атмосферата во соблекувалната е тензична.

Изминатиот викенд, Наполи во дербито на колото загуби на домашен терен со 1:3 од Милан и остана на 14 бода на табелата, шест помалку од „росоњерите“ кои се лидери.

Тренерот на Наполи за кого настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Џенаро Гатузо се закани дека ќе си поднесе оставка бидејќи според неговите зборови, играчите немаат победнички менталитет, но медиумите откриваат дека причината за послабите игри се од друга природа.

Имено, новинарот на Раи, Чиро Венерато, открива дека фудбалерите на Наполи последен пат платата им е исплатена уште во јули и поради тоа атмосферата во соблекувалната е тензична.

Fire Force (Dub) Episode 24 at website https://animeheaven.pro. See more dr stone anime heaven

Black Clover (Dub) (https://crunchyrollfree.com/m/KJvj) Episode 143 at website https://crunchyrollfree.com. See more free vrv account