June 23, 2021 01:15
Спорт

Елмас доби 15 минути во убедливиот триумф над Удинезе

Екипата на Наполи продолжува со убедливите победи откако вечерва со високи 5:1 славеше против тимот на Удинезе и е на добар пат да го завери пласманот во Лигата на шампионите.

Елиф Елмас и овој меч го почна од клупата за резерви, во игра влезе во 76. минута од натпреварот.

Избраниците на Џенаро Гатузо втор натпревар по ред, а трет во последните пет средби постигнуваат над четири погодоци на еден натпревар.

Зиелински во 28. минута го отвори мечот, а три минути подоцна Руиз зголеми на 2-0, пред крајот на првото полувреме Окака намали на 2-1. Во 56. минута Лозано зголеми на 3-1, а сите дилеми околу победникот ги реши Ди Лоренцо десет минути подоцна кој реализираше за 4-1. Точка на натпреварот стави Инсиње во првата минута од судиското продолжение кој погоди за 5-1.

Со оваа победа, Наполи се искачи на втората позиција на табелата со освоени 73. поени, еден повеќе од Аталанта и Милан и четири повеќе од Јувентус, но и натпревар повеќе.

AnimeDao animedao site: That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) (https://animedao.nl/m/22nP) Episode 24

AnimeTV the god of high school animetv: Boruto: Naruto Next Generations (https://animetv.cc/m/ne2V) Episode 198