October 21, 2020 18:34
Магазин

Елза Хоск го продава станот во Њујорк за 3.5 милиони долари

Супермоделот Елза Хоск го објави за продажба својот стан, лоциран во елитниот кварт Сохо во Њујорк, по цена од 3.5 милиони долари.

31-годишната Швеѓанка побара помош од Карл Гамбино и Адам Модлин од групацијата „Модлин“ за да го објави имотот на пазарот на недвижности.

Станот, кој се протега на површина од 1.750 квадратни мтетри, е сместен во интересна предвоена зграда среде ресторани и продавници од светска класа во познатата историска населба „Кест ајрон“ во Сохо.