June 16, 2021 13:23
Македонија

ЕК сака да се вклучи Западниот Балкан во Конференцијата за иднината на Европа

Европската Комисија сака да биде вклучен Западниот Балкан во Конференцијата за иднината на Европа, но конечната одлука ја носат земјите членки на ЕУ, а оттаму сѐ уште нема јасна позиција, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во одговор до МИА на ова прашање од кабинетот на потпретседателката на Европската Комисија, задолжена за оваа Конференција, Дубравка Шуица, потврдија дека оваа институција сака да го види регионот инволвиран во овој настан кој започнува на 9 мај.

-Комисијата е отворена за инволвирање на граѓаните и организациите од земјите на Западен Балкан – нашите блиски соседи – во Конференцијата за иднината на Европа. Пандемијата покажа до која мера земјите членки на ЕУ и другите земји во Европа, вклучително и Западниот Балкан, зависат едни од други, одговорија од кабинетот на Шуица за МИА.

Конференцијата за иднината на Европа требаше да започне минатата година, но се одложи за оваа, на 9 мај, денот на Европа. Официјално поради пандемијата, неофицијално затоа што земјите членки и натаму не можат целосно да се усогласат за модалитетите на оваа Конференција, која треба да ги постави темелите на иднината на Европската Унија и на континентот врз основа на директна консултација со граѓаните.

Европскиот Парламент уште минатата година преку резолуција побара да биде вклучен Западниот Балкан и бројни европратеници редовно истакнуваат дека регионот треба да учествува како клучен сосед на Унијата и како регион со јасна перспектива за членство во Унијата.

Како што објаснуваат од Европската Комисија поставен е Извршен одбор во ЕУ кој треба да донесе одлука за модалитетите на Конференцијата, вклучително и учеството на регионот, но одлуките со носат со консензус помеѓу трите главни институции на ЕУ: Комисијата, Парламентот и Советот.

Идејата е Европската Унија да започне суштински и инклузивен дијалог со своите граѓани кои Брисел го доживуваат како оддалечен од реалноста на терен. Извршниот одбор е составен од претставници на трите клучни институции, но и на Комитет за региони, синдикати и организации на работодавци.

Граѓаните и организациите ќе имаат можност преку дигитална платформа да поднесат предлози и да придонесуваат директно во дискусиите и дебатите за иднината на Унијата и на континентот, како и да организираат настани. Дебатите ќе се фокусираат на осум главни теми: климатски промени, здравство, економија, улогата на ЕУ во светот, права и слободи, дигитализација, демократија и осмакатегорија разно, за други идеи од граѓаните. Останува да се види дали земјите од регионот ќе бидат вклучени и како.

Конференцијата треба да трае една година. 

KissAnime kissanime list: Watch Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 3 (https://kissanimeonline.com/m/RVMM/ep-3)

AniWatch free anime: Watch Dr. Stone Episode 4 (https://aniwatch.pro/m/QWAB/ep-4)