October 28, 2020 06:46
Балкан

ЕК: Косово да ги повлече царините кон Србија и Босна

По одлуката на косовската Влада да ги зголеми царините за производи од Србија и Босна и Херцеговина за десет отсто, Европската комисија денеска побара итно објаснување и повлекување на мерката, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Бараме итно објаснување за зголемувањето на царините врз увози од Србија и Босна и Херцеговина, рече Маја Коцијанчич, додавајќи дека овие мерки јасно ги нарушуваат обврските на Косово.“

Од Косово, кое претседава моментално со ЦЕФТА, се очекува да ги повлече мерките, истакна Коцијанчич.

„Оваа одлука ја поткопува регионалната соработка и не е согласно договорот за стабилизација и асоцијација на Косово, додаде таа“.

Поврзани вести

Мустафа до Тачи: Коригирај ги меѓите на твоите ниви, не ги допирај границите на Косово

Igor

Рамадани: Косово ќе биде 31-та членка на НАТО

Igor

Четири нови жртви на грипот во БиХ, досега 22 починати

Igor