October 26, 2020 19:49
Спорт

Екс играч на Вардар одлучи да ја заврши кариерата

Поранешниот член на двократниот европски ракометен шампион Сергеј Горбок заминува во пензија. Белорусинот со руски пасош решил да стави крај на својата кариера. Горбок минатата сезона беше дел од Вардар каде се врати во 2018 година по двогодишниот настап за унгарскиот Пик Сегед.

Рускиот репрезентативец Горбок беше дел од втората шампионска генерација на Вардар со која триумфираше во 2019 година во Келн. Покрај боите на Вардар и Пик Сегед, бекот настапуваше и за Рајн Некар Левен, Целје, Чеховски Медведи, Аркатрон Минск и ЗТР Запорожје.

Горбок по разделбата со Вардар размислуваше дали да продолжи да игра, но како објавува белорускиот Пресбал, се решил  на 37 годишна возраст да ја заврши кариерата.

Останува да живее во Скопје, каде има почнат бизнис додека играше, работи како кондициски тренер, и а неговите ќерки близначки веќе се адаптирани на животот овде.