December 5, 2022 08:05
Спорт

Ексфудбалерот Билјалетдинов мобилизиран во Руската армија

Поранешниот фудбалер на Евертон и руски репрезентативец, Динијар Билјателдинов е мобилизиран во Руската армија, објавува рускат ановинска агенција „База“.

Според нивните извори 37-годишниот Билјалетдинов никогаш не служел воен рок, туку го „отслужи своето“ во спортот. Билјалетдинов ја почна кариерата во Локомотив Москва, за кои имаше 185 настапи во шест сезони, по што во 2009 година се пресели во Евертон за 9 милиони фунти. Тој остана во Премиерлигата до 2012 година, по што играше за Спартак Москва, пред да замине во пензија во 2019 година со литванскиот клуб Ритеираи. Покрај тоа, Билјалетдинов имаше и 46 настапи за руската репрезентција од 2005 до 2012 и беше дел од тимот кој стигна до полуфиналето не Еуро 2008.

„Да, Динијар доби покана. Тој служеше во спортот предд 19 години кога играше во младинскиот тим. Не знам која е неговата воена специјалност, или инжинерски тим или железнички тим“, изјави неговиот татко, Ринат Билјалетинов.