December 10, 2022 00:05
Свет

Експлозија во центарот на Мелитопол

Силна експлозија одекна денеска во центарот на Мелитопол, украински град кој е под контрола на руските сили, соопшти градската воено-цивилна администрација.

Во соопштението се наведува дека граѓаните пријавиле дека се слушнала силна експлозија, и оти се проверува дали има жртви.

Владимир Рогов, член на главниот административен совет на регионот Запорожје, рече дека станува збор за автомобил-бомба.

– Според непотврдени информации експлодирал автомобил, изјави Рогов.

Експлозијата била толку силна што возилото се распаднало на два дела, соопшти Рогов на својот канал Телеграм.