December 1, 2021 16:32
Свет

(Видео) Експлозија во кинески универзитет, двајца загинати

Две лица загинаа, а најмалку девет се повредени во експлозија на универзитет во источна Кина, јавија денеска кинеските државни медиуми.

Експлозијата се случила во неделата попладне на Универзитетот за аеронаутика и астронаутика во Нанџинг.

Властите ја истражуваат причината за експлозијата на Факултетот за наука за материјали и технологија на Универзитетот, објави кинеската државна телевизија ЦЦТВ (CCTV).

Идентитетот на жртвите не е соопштен. На веб-страницата на училиштето се наведува дека повеќе од 1.000 странски студенти посетувале курсеви за инженерство, бизнис и кинески јазик, но не е јасно колку останале откако Кина почна да воведува ограничувања за патувања поради пандемијата.