November 29, 2022 05:43
Свет

Експлозија во Кабул, најмалку 19 жртви

 Најмалку 19 лица загинаа, а десетици се ранети во самоубиствен напад врз едукативен це тар во авганистанската престолнина Кабул, соопшти полицијата.
Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но многу од жителите на областа каде што се случи експлозијата се Хазари, етничко малцинство кое беше цел на претходни напади од терористичката организација Исламска држава.
Портпаролот на полицијата во Кабул објави и дека во нападот се повредени 27 лица и дека се случил во образовниот центар каде се одржувал приемен испит.

Училиштата во Авганистан обично се затворени во петок.

„Нападот врз цивилни цели ја докажува непријателската нечовечка суровост и недостиг на морални стандарди”, изјави портпаролот на полицијата.

Тој додаде дека безбедносните сили пристигнале во областа и дека истрагата е во тек.