January 30, 2023 03:19
Свет

Експлозии во две воздушни бази во Русија

Денеска биле забележани експлозии на два аеродрома во централна Русија, стотици километри источно од борбената зона во Украина. Најмалку една голема експлозија се случи во руската воена воздухопловна база во регионот Саратов, на околу 600 километри источно од Украина, додека другата експлозија, според руските државни медиуми, била на аеродромот надвор од Рјазан, југоисточно од Москва.                                                                                               Гувернерот на Саратов, Роман Бусаргин ги повика локалните жители да останат смирени поради извештаите, но ниту ги потврди ниту ги демантираше.                                                        -Нема причина за загриженост. Ниту една цивилна инфраструктура не е оштетена. Информациите за настаните во воените објекти ги проверуваат безбедносните агенции, изјави Бусаргин.                                                                                                                                                         Засега нема потврдени информации за причината за експлозијата. Независниот руски канал Астра на Телеграм цитира извори дека неидентификуван дрон удрил во базата и дека два бомбардера со долг дострел Ту-95 биле оштетени, а две лица била повредени. Воздухопловната база Енгелс-2, наводно, била користена како платформа за лансирање на воздушните напади Ту-95 во Украина, против која Русија започна воена инвазија на 24 февруари. Државната новинска агенција РИА Новости јави за експлозија на гориво на аеродром надвор од градот Рјазан, околу 200 километри југоисточно од Москва. Според извештајот, во инцидентот загинале три лица, а шест биле повредени. Официјални лица во регионот Рјазан не ги коментираа извештаите.