January 20, 2022 23:55
Балкан

Експлозиите во близината на Белград однесоа два човечки животи, има повредени, а од потресите летале врати, прозорци, паѓале тавани…

Две лица загинаа, најмалку 16 се повредени, а по некои се уште се трага по страшната експлозија во фабриката „ЕдеПро“ во Лештане кај Бубањ Поток, која произведува противградни ракети во близина на Белград. Како што јави РТС, нешто по 14 часот се слушнале посилни и неколку послаби експлозии. Експлозиите се случиле во складиште за ракетно гориво од 260 метри квадратни, во кое имало 500 противградни ракети со 30 килограми експлозив. Компанијата „ЕдеПро“ е дел од наменската индустрија на Србија и се занимава со производство на делови за ракети и горива.

Потресот предизвика од силните експлозии го почувствуваа и граѓаните од околните згради и куќи. Во своите сведоштва за непријатните мигови тие велат:

-Мојата сопруга Зорица седеше на каучот кога почна пукањето. Во тој момент се затресе земјата и дошло до силна експлозија. Паднал таванот, таа скокнала од креветот. Не знаела што да прави, била вознемирена .

Според зборовите на соседот Александар Кузмановиќ, се летало низ куќата, се отворале прозорци и врати.

– Ова не е прв пат. Секогаш кога имаат некои вежби во фабриката ни се тресе тлото и не се чувствуваме безбедни. Се разбира, никогаш не била толку силна како сега – вели тој.

Според друг сосед, од силната на детонацијата му пукнала залихата на вратата. Прозорците се отворија.

– Бевме бомбардирани овде во 1999 година, но ова беше полошо од тоа. Не знаевме што да правиме – вели тој.

Соседката вели дека нејзината ќерка мислела дека е земјотрес и излетала од куќата.

– Моравме да ги однесеме нашите внуци во центарот на градот, од страв да не се повтори – вели таа.

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch Horimiya (Dub) Episode 8

watch subbed anime The Rising of the Shield Hero (Dub)

AniWatch Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time Episode Full

aniwatch app The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat

AniWatch Redo of Healer Episode 4