August 21, 2019 17:55
Економија

Експанзијата продолжува: Тиго Фајнанс со две нови филијали, овој пат за жителите на Кочани и Крива Паланка

25 филијали низ државата за уште поголема достапност на услугите на Тиго Фајнaнс

Кочани и Крива Паланка стануваат дел од широко распространетата продажна мрежа на Тиго Фајнанс, а жителите на овие два града сега имаат нова физичка точка за непосреден контакт со услугите на Тиго согласно нивните потреби и навики, што ќе им овозможи полесно да го направат вистинскиот избор за задоволување на нивните финансиски потреби тогаш кога тоа ним им е најпотребно.

Филијалата во Крива Паланка, која ги отвори вратите за жителите на градот и околината вчера, е лоцирана на ул. Свети Јоаким Осоговски 56, додека пак од денеска, вработените во кочанската филијала лоцирана на ул. Димитар Влахов бр. 78, се подготвени да одговорат на потребите и барањата на граѓаните од овој регион.

Со овие две, бројот на Тиго филијали достигна 25 и претставува најшироко распространета мрежа на филијали на финансиски друштва во нашата земја, а проширувањето на продажната мрежа ќе продолжи и во иднина.

До услугите на Тиго Фајнанс клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или во некоја од 25-те филијали во 19 градови ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути. Дополнително, првата апликација е бесплатна, односно првиот кредит до 20 илјади денари е со 0% каматна стапка.

Тиго е член на Асоцијацијата на финансиски друштва, чии членови со потпишувањето на Кодексот за добра пракса и формално се обврзуваат за одговорно кредитирање и обезбедување на повисоко ниво на заштита на клиентите.

Повеќе информации за Тиго Фајнанс се достапни на веб страницата www.tigo.mk или на телефонскиот број 13 700.

 

Нови вести

Германија денеска за првпат емитува 30-годишна обврзница со нула каматна стапка

zane

Само 13 отсто од интернет корисниците во земјава резервирале одмор онлајн, во ЕУ 50 проценти

Daniela

Утврден текстот на Предлог-законот за обезбедување заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност

Filip