Хроника

Ексдиректор на основно училиште во Демир Хисар незаконски склучил договор со агенција за обезбедување

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поднесе кривична пријава против 51-годишниот Ќ.Р. од село Слепче, Демирхисарско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Во периодот од 18.2.2016 до 18.2.2017 и во периодот од 2.5.2017 до 31.4.2018, пријавениот како директор на средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, спротивно на одлуката на Владата од 29.7.2013, склучил договор со агенција за обезбедување за патролно обезбедување на училиштето, со што му нанел штета од 58.390 денари на буџетот на училиштетo.

Исто така, во периодот од март 2016 до 31.12.2018, пријавениот, спротивно на Законот за средното образование, односно без согласност од Министерството за образование, држел настава по предметот историја во наведеното училиште за што му биле исплаќани дополнителни 3.728 денари во рамките на месечните примања, со што стекнал противправна имотна корист од 82.016 денари на штета на буџетот.

Нови вести

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Ново Село

Valentina

Во сообраќајка во Струмица повредени шест лица

Valentina

Син го пронашол мртвиот татко во двор во гевгелиско

Valentina