June 14, 2021 07:01
Македонија

Еко-свест и Светскиот фонд за природа бараат од Пендаровски да го врати во Собранието спорниот закон за дивоградби

Да го врати Законот за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти во Собранието на Република Северна Македонија и да се одржат јавни расправи, бараат од претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест и Светскиот фонд за природа (WWF Adria).

-Со контроверзен наслов и контроверзна содржина Собранието вчера донесе Закон за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти. Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест и Светскиот фонд за природа (WWF Adria) Ви се обраќаат со своето образложение за потребата од враќање на Законот во Собранието. Вашата улога е од круцијално значење за спречување на негативните последици од овој Закон не само по заштитата на животната средина и природата, туку и по нашиот правен поредок, велат од организациите во писменото обраќање.

Тие во своето барање велат дека Законот е спротивен на Уставот, односно на барем две од темелните вредности во чл. 8 (владеење на правото и уредување и хуманизација на просторот и заштита на животната средина и природата).

-Законот не е усогласен со Законот за заштита на природата и Законот за води каде што постоење на било какви градби во одредени зони и подрачја е строго забрането, притоа за такви локации нема потреба од дополнително мислење од страна на надлежните институции наведени во новиот Закон.

Во Законот стои дека бесправни објекти ќе можат да се легализираат и во национални паркови и заштитни зони (за водоснабдување), притоа дозволата за легализација ќе треба да се добие врз основ на мислење од страна на јавната установа- управител со паркот или Министерството за животна средина и просторно планирање. Кога Министерството за животна средина и просторно планирање и другите наведени институции даваат мислење, тие треба да се водат по Законот за заштита на природата и Законот за води, но досегашната пракса не покажала дека ова доследно се применува. Дополнително, секогаш кога се бара мислење од институција за нешто (кое што веќе е дефинирано согласно друг закон) се отвара простор за коруптивни пракси, појаснуваат организациите.

Тие посочуваат дека сме сведоци на огромниот број дивоградби кои се јавуваат во заштитените подрачја, дури и во оние од највисока категорија во државата- национални паркови.

 Во време кога државата е посветена на заштита на природата и прогласување на нови заштитени подрачја, се носи закон со кој сето она кое во овие подрачја е неприфатливо ќе стане предмет на легализација и ќе продолжи да причинува штета на природата, која примарно е заштитена со самото прогласување на подрачјето. Законот поттикнува мешање во ингеренциите на надлежните институции кои треба да се грижат за заштитата на животната средина, природата и здравјето на нашите граѓани. Дополнително, за овој Закон не е подготвена проценка на ризиците, која би била неопходна за да вистински се увидат влијанијата од истиот. Наместо тоа, истиот се носи по скратена постапка не овозможувајќи учество на јавноста и засегнатите страни, се вели во барањето, додаваат организациите.

Според организациите носење на вакви закони какви што имавме и во минатото, испраќа порака дека непланската градба и лошата градежна пракса можат да продолжат и понатаму. Овој закон само го озаконува криминалот и најверојатно ќе води и до прекинување на кривични постапки покренати согласно други закони.

Поради гореизнесеното, Еко-свест и WWF Adria бараат од Претседателот Стево Пендаровски да го врати Законот за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти во Собранието на Република Северна Македонија на измени и доработка. Воедно, бараме Законот откако ќе претрпи измени кои ќе ги елиминираат контроверзните елементи, да се донесе по редовна постапка со спроведување на консултации со јавноста и јавна расправа, се вели во барањето поддржано од Институт за демократија- Социетас Цивилис, Институт за комуникациски студии- ИКС, Зелен Институт, Македонски зелен центар, Здружение на инжинери за заштита на животната средина, Натура МК, Центар за управување со знаење, Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ), ЦЕД Флорозон, Е. Д. Роса, Здрава Котлина, О2 Иницијатива, Го Сакам Водно, Фронт 21/42, Еко Гаја, Еко Живот, Движење на екологистите на Македонија (ДЕМ), Здружение на млади правници, Арт Поинт- Гумно, Новинари за човекови права , Балканска Водна Мрежа, Зелената Арка.

AnimeFreak animefreak avatar: Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub) (https://animefreak.ws/m/OgXK) Episode Full

AnimeTV anime tv shows on netflix: Watch SK8 the Infinity (Dub) Episode 2 (https://animetv.cc/m/17Ge/ep-2)