October 17, 2019 09:12
Балкан

Екипа на Радио Белград приведена во Косово

Екипа на Првата програма на Радио Белград била приведена вчера во КПС Јужна Митровица и задржана шест часа, а како што јави РТС причината за тоа не е позната.

Полицијата го запрела и детално го пребарувала службеното возило на РТС.

„Целиот тим беше однесен во станицата во Јужна Митровица на сослушување, каде им беа одземени мобилните телефони“, соопшти РТС.

По шест часа тие биле ослободени и наводно им било укажано дека треба да се вратат во северниот дел на Косовска Митровица, ,,бидејќи не е безбедно да продолжат кон Грачаница, каде што тргнале”.

Нови вести

Додик: БиХ не е во статус кво, туку во распаѓање

Igor

Пред српската Влада протест „Новинари против фантоми”

Filip

Пенс и Помпео во посета на Турција, Ердоган најави дека нема да се сретне со нив

Filip