November 22, 2020 23:27
Македонија Хроника

Екипа на МТВ нападната во с. Клуковец

Во секоја кора од  општестениот живот во нашата мила држава длабоко е навлезена политиката,  тоа го покажува последниот пример, настан кој ми се случи не толку одамна.  Одиш со надеж дека со својот прилог на 50-етина деца ке им помогнеш да учат во нова училишна зграда, а се вракаш во Велес со скршена камера. Се прашуваш дали во наредниот месец камерата ке биде поправена за да работиш нормално ? Одиш со најискрена желба да помогнеш на мали деца да учат во нормални услови , во ново училиште како што заслужуваш, во  услови кои со устав се загарантирани , а наидуваш  на затворени врати, родители коишто бараат школо а не сакаат да зборуваат, притоа на местото каде што одиш на кое треба да се зборува македонски, а зборуваат на јазик што не го  познаваш и  имаш чувство дека со погрдни зборови се искажуваат кон тебе и кон колегата а,  притоа свесен си дека секој твој чекор го снима мобилен телефон. Лесен ли е новинарскиот живот?  Убаво е кога ке се појавиш на телевизија, но многу е тежок патот додека се појавиш на тв екранот, а испагаш со една желба , на дете од 7 години да му допринесеш барем малку надеж и помош за да учи во нормални услови, посебно во време на пандемија. Изложувајки го на ризик сопственото семејство , бидејки основното средство за работа е оштетено.  И во моменти кога родителите се многу гласни, и се над новинарот кој што зад себе има минимално искуство, обидувајки се нејзиниот колега да ја извлече од гужвата , никој “не знае” како камерата наместо на сталка, се наога на земјa!!!  Кажуваш дека си од националната телевизија, а родителот ти се обрака со следните зборови:  Зошто сте тука и кој ве викна вас, притоа зборуајки на друг јазик и повикување на политички и мешање на историски НЕ-ФАКТИ и НЕ–ВИСТИНИ ?!  Бојкотираат , но изјава не даваат за национална телевизија,  туку само за АЛСАТ М.  Која иронија , бојкотираш а не даваш изјава за НАЦИОНАЛНАТА телевиија.  Етички пробавме да ви помогнеме , НО…. Битката наместо да ја водите на полесен начин, сега вие го одбравте потешкиот  пат!  За арно , за убаво!  Нека им е Срекна новата  учебна 2020/2021 година на учениците од велешкото село Клуковец кои очигледно не сaкаат да одат на училиште оваа година!

Преземено од Veles365